Eкипи на БППЕ на Град Скопје интервенираат на гаснење на пожарот на Скопска Црна Гора, но поради ветрот и непристапниот терен гаснењето е отежнато. Пожарот се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Гори сува трева и мешана шума.
Од страна на општина Гази Баба упатено е барање за ангажирање на воздухопловите на ДЗС во раните утрински часови.
Екипите на БППЕ ќе останат на лице место во текот на ноќта за да го контролираат ширењето на пожарот.