Бројот на заболени од овчи сипаници во пораст


Овчите сипаници – најчесто регистрирано акутно заболување во месец декември минатата година се овчите сипаници или познати како варичела. Вкупно има 1 025 лица, стои во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје.
„Овие бројки се сериозен показател за состојбата со заразните заболувања во земјава. Порастот на овчите сипаници, како и зголемената бројка на сексуално и крвно преносливи инфекции, бараат засилени превентивни мерки“, велат од ИЈЗ.
Во споредба со истиот период минатата година, бројот на пријавени случаи пораснал за 4,6%, а во однос на десетгодишниот просек, порастот изнесува 8%.
„Овој тренд укажува на потребата од редовна вакцинација и зголемена јавна свест за рано препознавање и превенција“, децидни се од Институтот.
Во месец декември евидентирани се и 6 случаи на Ковид-19. Но ова не е реална бројка бидејќи граѓаните не се тестираат и често сами се лекуваат.
Забележани се 7 случаи со сифилис, 6 со вирусен хепатит Б, 5 со вирусен хепатит Ц и 4 со инфекција со хламидија.
Од ретките заболувања има 4 случаи на голема кашлица и 2 на заразни заушки.
Еден случај на СИДА завршил со смрт.
