Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Генерален штрајк е и во Нови Сад: Огромна колона луѓе помина низ градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-01-25-at-01.32.53

Граѓаните на Војводина, особено на Нови Сад, денеска се приклучија на генералниот штрајк и протестите на студентите кои со месеци бараат властите да одговараат за смртта на 15 лица на железничката станица на 1 ноември минатата година.

— реклама —

Неколку протести кои започнаа пред образовните институции и други јавни простори се споија околу 13 часот во голема поворка која мина низ центарот на Нови Сад.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

На прекинот на работата се приклучија бројни приватни претприемачи, вработени во училишта и факултети, библиотеки, ветеринарни амбуланти, театри, музичари и некои медиуми.

Порталот Vojvodina.info проценува дека десетици илјади луѓе се на улиците, што е најголем собир во Нови Сад досега.

Неколку опозициски пратеници и градски советници кои го блокираа автопатот се приведени и изведени пред суд, објави на социјалните мрежи заменик-претседателката на опозициската Партија на слободата и правдата, Мариника Тепиќ.

Државните фирми и институции се претежно отворени, а во некои работниците се жалат дека се затворени за да не можат да го напуштат работното место, пишува Autonomija.info.

Протести имаше и во Суботица и Сомбор, на кои учествуваа неколку илјади луѓе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypk58vhsufsjn10K3w0Z

(Видео) Студентка од Србија со жесток одговор до новинарка стана вирална

Свет | пред 12 часа

brnabikj

Брнабиќ најави: „Ќе го молиме Вучиќ да се кандидира за премиер“ пред можни вонредни избори во Србија

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2024-01-22-at-09.31.58

Одложена средбата меѓу Вучиќ и Тајани

Свет | пред 2 дена

brnabikj

Брнабиќ бара реакција од ЕУ: Очекувам осуда за протестите во Белград

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања