Македонија

Судењето за грозоморното убиство на Вања и Панче одложено за 3 февруари

На денешното рочиште првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и цело ОЈО Скопје во случајот поради, како што рече, несоодветно и нестручно спроведена истрага.

Судијата Ивица Стефановски, судењето го одложи за 3 февруари, образложувајќи дека мора да остави простор Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски дс се произнесе по наводите во барањето за изземање.

На почеток