„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
puska

Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3, како и Фалсификување на огнено оружје согласно член 396-а став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот 28-годишник, во својот дом во селото Ложани неовластено држел оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети и за кои не може да се добие дозвола за поседување. Така, полицијата кај него пронашла автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми за автоматското оружје.

Освен тоа, на пушката ги фалсификувал ознаките со бришење и уништување на фабричкиот број на оружјето.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека постои реална опасност од бегство и можност осомничениот да ја попречува постапката со влијание врз сведоците доколку се брани од слобода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Советот за в.д обвинител ќе одлучува в понеделник, денешниот избор е одложен

Македонија | пред 1 ден

media-library4cs1nq6ofkh13QXNepr

Ноќна полициска акција: Приведен и ексдиректор на ДУИ за финансиски проневери

Македонија | пред 1 ден

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Пациентот кој упадна во Инфомакс бил пресметлив кога тргнал да ги напаѓа: поднесено обвинение

Скопје | пред 1 ден

media-libraryd6tgmsuqcgrqe46kQ7i

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања