Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Советот за в.д обвинител ќе одлучува в понеделник, денешниот избор е одложен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Советот на јавни обвинители денеска не донесе одлука за назначување вршител на должноста државен јавен обвинител и расправата ја презакажа за понеделник. Ова следи по неотповикливата оставка на Љупчо Коцевски, поднесена пред два дена.

— реклама —

Според член 25, став 3 од Законот за јавното обвинителство, времениот државен јавен обвинител мора да биде избран од редот на обвинителите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Лицето што ќе биде определено ќе ја води институцијата додека Собранието не избере нов носител на функцијата, но најдолго шест месеци.

— реклама —

Законот јасно утврдува дека кога обвинителот престанал да ја извршува функцијата – било поради истек на мандат, оставка или разрешување – Советот со мнозинство гласови назначува обвинител кој привремено ќе ја извршува должноста.

— реклама —

Во највисокото јавнообвинителско тело моментално членуваат десет обвинители: Анита Тополова-Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски. Некој од нив, согласно законските одредби, ќе ја преземе функцијата до избор на нов државен јавен обвинител.

Постапката во Собранието сè уште не е започната. За да се отвори процесот, потребно е да се распише оглас за кандидати кои ги исполнуваат условите за раководење со обвинителството задолжено за гонење кривични дела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryusoaotm4okl41nid1sT

Неофицијално: Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Бомба, два пиштоли и 240 куршуми кај скопјанец – најден и клуч од мотор поврзан со убиство, објави Обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања