Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Пациентот кој упадна во Инфомакс бил пресметлив кога тргнал да ги напаѓа: поднесено обвинение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarye588bsv09g02bWiFeZk
Инфомакс

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривични дела – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, како и – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетиот на 10 декември извршил грубо насилство спрема двајца новинари во дневно-информативниот онлајн медиум „Инфомакс“, како и спрема гостин во нивната емисија, со што ги спречил во вршење на професионалната дејност.

— реклама —

Додека емисијата „Тешки муабети“ се емитувала во живо на YouTube и на социјални мрежи, обвинетиот пишувал навредливи и заканувачки коментари за еден од новинарите поради критиките што во емисијата биле упатувани кон премиерот.  Потоа обвинетиот дошол на адресата на која се наоѓа студиото, ја обил влезната порта, ги искршил и влезната врата од објектот и вратата на студиото, па како резултат на тоа емисијата била прекината.

Еден од оштетените се обидел да го задржи обвинетиот да не влезе во студиото, но тој продолжил да вика и да им се заканува по живот, ги пцуел и ги навредувал присутните, а се обидувал и физички да ги нападне, замавнувајќи со рацете и фрлајќи со чаша кон нив. Оштетените повикале полиција, додека во меѓувреме успеале да го смират обвинетиот и да го извадат надвор на улица.

— реклама —

Со насилничките дејствија обвинетиот предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените и други присутни лица. Медицинското вештачење на обвинетиот покажа дека и покрај неговата претходна душевна здравствена состојба, тој делото го извршил во состојба на пресметливост. Согласно тоа, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Скопје приоритетно постапува во сите предмети кои се однесуваат на евентуални напади врз новинари и загрозување на слободата на говор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Вработените во обвинителствата: Новиот закон не носи реформи, туку ги задржува старите слабости

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Вработените во обвинителствата бараат измени: Законот не ја гарантира самостојноста на системот

Македонија | пред 1 седмица

policija-ubistvo-pishtol

Чекале во грмушки со пиштоли, па пукале во возило: детали за обидот за убиство во скопско Шишево

Скопје | пред 2 седмици

media-library8tk5mvidsqkj5B3Xtz8

Жена со прострелна рана во главата пронајдена во скопско село: сопругот тврди дека се самоубила со неговиот пиштол, откако имале расправија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања