Македонија

Убиство во Топанско: едно лице однесено мртво во болница, а второто е погодено со два куршуми и преживеал

Едно лице е убиено вчеравчер во Топанско поле во Скопје, а друго е повредено но во сатбилна состојба. Од Универзитетската клиника „св. Наум Охридски“ за „Скопје1“ велат дека кај нив, двете лица биле донесени на полноќ.

„На полноќ се донесени двајца пациенти, едниот без знаци на живот. Другиот со две прострелни рани, едната во лумбална регија, другата во подлактица и е во стабилна состојба“, вели доктор Ристо Пејков од „св. Наум Охридски“ за „Скопје1“.

Пријава до МВР дошла докму од болницата. Детали се очекуваат.

ДОПОЛНЕТО:

Детали за пукањето во Топанско: Двајца повредени, еден загинат, тројца уапсени

На почеток