Исти шеми, други жртви: Скопјанка платила 6.000 евра на лице кое лажно и дојавило дека ќерка и прегазила дете
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/12/policija-1313.jpeg)
На 11.02.2025 во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно машко лице за сума од 6000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, парите ги оставила на претходно договореното место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)