Нова измама: Скопјанка останала 50.000 денари за ќерка и наводно да не лежи затвор
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/12/IMG_7454-scaled.jpeg)
На 12.02.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 50.000 денари.
Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)