Македонија

(Видео) Влатко Ѓорчев во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски?

Долгогодишниот експратеник е лицето кое во Стејт Департментот молело да не биде срушена тогашната влада на Никола Груевски во 2016.

Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, ова го потврди во поткастот на Тим Пул.

Таа рече дека Македонец за време на поранешната администрација на Доналд Трамп молел владините агенции на чело со САД да не ја уриваат македонската влада.

О Нил тогаш работела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и УСАИД. Таа прво рече дека не може да се сети на името на човекот кој ја претставувал македонската влада, но потоа го покажа на слика од сајтот на Собранието и го прочита неговото име.

Го опиша како висок човек со типичен лик на источноевропеец, кој сепак не успеал да ја наговори тогашната администрација на Трамп која ги саботирала сите обиди да се спречат ваквите активности на владините агенции.

„Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја сруши нашата“. Ова се зборовите на Ѓорчев што ги цитира поранешната вработена во Стеј департментот.

На почеток