Коментари

Како Пендаровски ја изигра шаховската игра со Вучиќ анализираше Ѓорчев: Дрво е

Стево Пендаровски и Александар Вучиќ одиграа партија шах. Фотографијата ја објави српскиот претседател на неговиот Инстаграм профил и додаде „одигравме убава партија шах“.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи напиша дека Пендаровски не знае да игра шах и ја анализираше играта.

„Стево е дрво за шах, ама глуми и позира дека знае да игра. Исто и со политика. Шаховска анализа после 8 потези:

Стево:

Кралот под шах принуден на Е7.
Нема можност за рокада.
Пионите без врска помрднати.
Ловците дремат на линија.
Коњите не се разиграни.
Топовите блокирани.

Стево игра како дете во ТРЕТО одделение. Буквално.

Вучиќ:

Шах со офанзивна кралица на Х8.
Кралот заштитен, подготвена рокада.
Офанзивен клин со пешак на Ц5.
Централен коњ на Ц3.
Активен ловец на Д3.
Топовите подвижни.

Заклучок? Стево добил мат после 10 – 12 потези.

Или, предал партија да не се брука.

Проблемот на Пендаровски и Македонија?

НЕМА нови фабрики (Србија 100).
Ниту еден нов автопат (Србија 10).
Просеше за кутија вакцини (Табановце).
Просеше за зејтин и брашно (2022).
Сите параметри се крш.
Иселување.
Македонија колабира.

Едно време време Владата на Србија доаѓаше тука да учи за инвестиции, фабрики, ДДВ и дигитализација. Сега Заев, Таче и Пендаровски таму просат за брашно и зејтин. Буквално“, вели Ѓорчев.

На почеток