Коментари

Говорот на Џафери го чувствувам како неверојатно скрнавење на минатите битки и идеалите на сите Илиндени, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи го сподели говорот на Талат Џафери од Мечкин Камен и прокоментира дека го чуствува како сквернавење на минатите битки и идеалите на сите Илиндени.

„Членовите на ПДП имаа според мене разум, одговорност и државнотворност.
Џафери и бандата од ДУИ се само криминалци кои можат што сакаат да зборуваат меѓутоа со ниту една постапка не покажале ни разум ни одговорност ниту пак елементарна државнотворност.
Говорот на Џафери на овој ден и на ова место го чувствувам како неверојатно скрнавење на минатите битки и идеалите на сите Илиндени“, вели Најчевска.

На почеток