Македонија

„Нема табу теми“ – Меџити потврди разговори за химната, грбот и јазикот, но не и договор

Првиот вицепремиер Изет Меџити во интервјуто за „24 Анализа“ потврди дека нема договор со премиерот Христијан Мицкоски за промена на државниот грб и химната, но дека постојат разговори на оваа тема.

„Немаме договор. Немаме,“ кратко изјави Меџити, додавајќи дека прашањето за грбот и химната останува отворено, бидејќи, според него, тие потекнуваат од комунистичко време и не ја одразуваат реалноста.

Осврнувајќи се и на статусот на албанскиот јазик во Уставот, Меџити нагласи: „Сите знаеме дека формулацијата ‘20 проценти’ е омаловажувачка за втората најголема заедница во државата, но ова се разговори што се водат.“

Сепак, тој истакна дека фокусот на Владата во моментов е на имплементација на владината програма, чии главни столбови се евроинтеграциите, правната држава, економскиот развој и децентрализацијата.

„Нема табу тема, за сè разговараме. Нема договор, бидејќи во моментот сме посветени на владината програма,“ потенцираше Меџити

На почеток