Коцевски почна да коментира и статуси на „Фејсбук“
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/12/Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48.jpg)
Обвинителстовото кое го предводи републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, почна да коментира и статуси на пратеници на социјални мрежи.
Па така, испратија став по однос на фејсбук статусот објавен од Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ова доаѓа откако Милошоски ја искоментира спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев и посочи дека е аргумент плус за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.
„Ова во однос на наводите на пратеникот Милошоски денеска, ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес“, вели портпаролката на Обвинителството по објавата на пратеникот на „Фејсбук“.
Објавата на пратеникот:
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)