Разрешувањето на Коцевски ќе паузира, Владата нема да го праќа мислењето од Советот на обвинители до Собрание


Владата ќе ја паузира постапката за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, потврди и владината портпаролка Марија Митева.
„Сакам да појаснам дека Владата и да добие мислење од Советот на јавни обвинители, ќе ја запре постапката и истото нема да го прати до Собранието, чисто да немаме нејаснотии околу ова“, рече Митева.
Советот на јавни обвинители, пак, не успеа да се состане оти немаше кворум за одлуки.
Постапката за разрешување на републичкиот обвинител требаше да продолжи пред пратениците по изјаснувањето на Советот на јавни обвинители. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ова ќе се паузира, а откако избувна пожарот и Јавното обвинителство беше пофалено дека добро си ја работи работата во координација со МВР.
