Не направил ништо незаконско, ниту пак Владата е во право што бара негово разрешување, смета Коцевски


Не направил ништо незаконско, ниту пак Владата е во право што бара негово разрешување. Ова го смета републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, кој рече дека ќе се произнесе по сите точки од предлогот за разрешување. Не искоментира што мисли за тврдењето на Владата дека интегритетот на Обвинителството и обвинителите е низок, токму во време кога тој шефува, па дека тоа е појдовна точка за негово разрешување.
„Во текот на вчерашниот ден доставен ми беше предлогот за разрешување од страна на Советот на јавни обвинители. Во еден разумен рок ќе се произнесам за сите точки. Останувам на тоа дека, од она што можев да го разгледам, е дека во предлогот нема ниеден основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда“, рече Коцевски.
Кривичната пријава која му ја поднесе суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје, Мустафа Хајрулахи, не ја добил. Хајрулахи смета дека обвинителот направил грешки во постапувањето при водењето на истрагата. Но Коцевски вели: „Нема ништо незаконито што јавниот обвинител водел истрага..“.
„Од тоа што го слушнав во медиумите, тоа е чудна кривична пријава. Дека наводно сите тројца обвинители се теретат за соизвршителство затоа што јавниот обивнител во Штип постапувал по предмет, односно за кривично дело за кое е запретена казна, за кое е нужно да се води истрага. Тоа не може во никој случај да биде основ за кривична одговорност. Од тоа што го дознав од медиумите, ја немам примено кривичната пријава“, посочи Коцевски.
„
