(Фото) Додека државниот обвинител Коцевски го разрешуваат, тој отиде да се забавува на Златна Бубамара


Обвинителот Љупчо Коцевски, во ек на неговото разрешување, нашол време за забава. Додека од сите страни доаѓаат обвинувања на негова сметка, тој отиде да гледа Златна бубамара на популарноста, каде меѓу другото, низ сатира се прикажува и грдата реалност во Македонија.
Коцевски седеше во т.н. „вип ложа“ со повеќе политичари и директори од власта. Неколку редови над него седеа министерот за локална самоуправа Златко Перински, министерот за култура Зоран Љутков, министерката за енергетика Соња Божиновска, министерката за образование Весна Јанеска, сопругата на премиерот Рози Мицкоска, директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.
Ова не е првпат, Коцевски да си најде време за себе додека јавноста „врие“. Постојано се фали со транспарентност одбива да се појавува во јавност под изговор дека нема време. Со тоа, куп прашања на граѓаните за негови постапки, но и за работата на Обвинителството – останаа недоговорени.
Сега, Владата поднесе иницјатива за негово разрешување. По даденото мислење од Советот на јавни обвинители, иницијативата ќе треба да заврши пред пратениците. Бидејќи Собранието не е обврзано да одлучува по мислењето на Советот, па макар било и негативно, ќе почне постапката за негово разрешување.
