Меџити повеќе не сака да коментира за химната, ниту предлогот да биде без текст


Откако предложи химна без текст, вицепремиерот Изет Меџити не коментира за измена на симболите на државата. Прашан зошто дал предлог вака да изгледа новата химна, рече: „Не сакам да навлезам нешто за што нема политички договор, за нешто што нема преговори“.
Прашан, дали сепак има преговори за химната, додаде: „Разговор, преговор и политички договор е за тоа што го има во владината програма. Тука сме се што е во интерес на државата, граѓаните, тука да дебатираме. Тоа е на ниво на разговори“.
Според Меџити, тие зборуваат само за социо-економските проблеми и реформите.
„Во фокус ни е владината програма, каде има утврдени столбови. Нема такви преговарања во однос на химната, грбот и другото. Но нема ни табу теми. Разговараме. Има политички договор за владината програма, каде се утврдени столбовите“, рече вицепремиерот Изет Меџити.
