Аман Венко, не се брукај, те насанкаа советниците, или свесно манипулираш, не знаеш за што гласала Македонија, а држиш пресови, вели ВМРО-ДПМНЕ


„Жално е да се гледа како Венко Филипче кажува глупости и се излетува во јавноста со погрешни изјави и заклучоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Под итно да ги отпушти советниците кои денес го натераа да збори невистини, а доколку тоа не го направи јасно е дека тој свесно и отворено манипулира.
Венко не знае како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации а држи прес конференции за тоа.
Во еден момент Филипче вели цитираме “Македонија прифати да бидеме конспознори на американската резолуција, а потоа беше воздржана, прв пат влада која конспозорира потоа не гласа за резолуцијатa”.
Она што Филипче не го знае и што е единствена вистина е дека Македонија и САД гласаа унисоно. Односно исто како и САД, Македонија гласаше воздржано за резолуцијата откако претходно беа прифатени амндмани кои не беа на линиција со резолуцијата која беше коспонзорирана и произведена од нашиот стратешки партнер САД.
Терминот кој го користи Венко Филипче на прес-конференцијата дека Македонија скршнува од „eвропската надворешна стратегија”, ако неговите советници не знаат, тогаш јавноста мора да знае дека таков термин и таква стратегија воопшто не постои во надворешната политика.
Прес конференциите на Венко Филипче освен што се аматерски, и служат за засмејување, тие во основа се манипулативни и погрешни. Аман Венко не се брукај, себе и партијата. За советниците веќе знаеме какви ти се.
