Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Фото) Вандализам на манастирот „Пресветна Богородица“ во Матејче: провалиле, копале, краделе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Matejce-crkva-e1741343403868

Извршено е провалување, копање на подот во манастирската црква и украден е оловниот лим од централната купола на манастирската црква Пресвета Богородица во Матејче, соопштија од Кумановско-осоговска Епархија.

— реклама —

Тие наведуваат дека како сопственици на заштитено културно добро, ја известуваме јавноста дека врз заштитетното културно добро ‒ манастирот Пресвета Богородица, с. Матејче, Општина Липково, Куманово, од страна на непознат сторител во месец март 2025 година е извршен неовластен упад во црковен имот во Манастирот Пресвета Богородица с. Матејче. Упадот е извршен со провалување во затворените простории на манастирската црква. Извршено е копање на подот на манастирската црква, кој е целосно раскопан, и извршен е ископ на голема количина на земја, при што се извадени и осквернавени посмртните останки на порано погребани лица на ова место. Исто така е причинета значителна материјална штета и кражба на оловен лим од централната купола на манастирската црква.

— реклама —

На ден 06.03.2025 година член на Црковниот одбор на манастирот Пресвета Богородица го посетил манастирот и забележал дека врз заштитеното културно добро е извршен вандалски чин, на погоре опишаниот начин. За настанатата материјална штета, по службена должност, настанот го пријави до митрополијата во Куманово, како надлежен орган за понатамошно постапување, потенцираат од Кумановско-осоговска Епархија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

crkva-pozar

Голем пожар зафати црква во скопско Мршевци

Македонија | пред 4 месеци

Ostrog02

Денеска е Свети Василије Остроски, денот кога се можни најголемите чуда: Ова се обичаите кои треба да се почитуваат

Магазин | пред 1 година

sinodos-mosxas-4

Руската православна црква ја призна МПЦ-ОА како автокефална сестринска црква

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Мицкоски за црквата: Сме се соочувале со бури и ветришта и сме надминувале се

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања