Македонија

Готвачи со Мишелин ѕвезди креираа нови локални специјалитети во Охрид

Со локални продукти готвачи со Мишелин ѕвезди вчера во Охрид приготвуваа исклучителни специјалитети кои ќе се најдат во менијата на охридските угостителски објекти и ќе носат уникатни имиња специфични за Охрид и регионот.

На „Кеј Македонија“ во Охрид беше поставен посебен штанд на кој готвачите приготвуваа специјалитети од локални продукти по избор на случајните минувачи.

Потоа беше организирана гала вечера на која гостите ги вкусија специјалитетите подготвени од готвачи со „Мишелин ѕвезди“.

Настанот „Taste Ohrid 2018“ е организиран од Општина Охрид и ЕДЕН – туристички кластер за југозападна Македонија, а поддржан од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток