Македонија

Состојбата на Панчо е влошена, ставен е на апарати, објави Ребека

Пејачката Ребека Јанковска Ристески, јави дека состојбата на пејачот на ДНК, Владимир Блажев Панчо од ДНК е влошена. Оваа информација не можевме да ја потврдиме. Според неа, трахеата (орган за дишење) му е многу оштетен.

„Панчо мил, не се предавај. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим, на апарати е“, напиша Ристески.

Тој во текот на вчерашниот ден, по третирањето во Клиничкиот центар Скопје каде беше примен, беше преместен во болницата „Систина“.

Од бендот на ДНК досега е потврдена смртта на еден од главните вокали Андреја Горгиевски, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев и придружниот вокал Сара Пројковска. Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познато како Мартин Буцо, се исто меѓу загинатите во дискотеката „Пулс“.

На почеток