Македонија

Се чекаат хеликоптери од Хрватска и Романија, а медицински лица од Чешка, Австрија, Израел

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за здравство, Арбен Таравари, од утрово се во Клиничкиот центар во Скопје. Таму се хоспитализирани 90 лица. Вкупно 90 лица се хоспиталзиирани во Македонија.

Screenshot

Хеликоптери од Хрватска и Романија се очекува да пристигнат денеска за да пренесат пациенти во европските земји. Денеска треба да пристигнат медицински лица од Чешка, Австрија и Израел.

Пред Клиничкиот центар има силно полициско обезбедување, волонтери на Црвен крст, но и членови на семејствата на повредените.

Досега, 59 лица загинаа, 150 се со повреди, а дел од нив и во критична состојба.

Нови детали се чекаат во текот на наредните часови.

На почеток