Македонија

Десет повредени од дискотеката „Пулс“ си одат дома – во Турција има еден критичен пациент

Министерот за здравство, Арбен Тарвари, посочува дека сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, се во стабилна состојба, иако има некои се покритични. Од идната недела, очекува пациенти да се вратат дома.

„Бројката на пациенти кои се лекуваат се 162 пациенти. Добра вест е што денеска 10 од пациентите кои лежат во државава ќе бидат испишани. Вчера имаше три испишани пациенти. 115 пациенти се на лекување надвор од државата. Сите се во стабилна состојба, некои се покритични. Од сите пациенти, освен еден што е во многу сериозна лоша состојба, другите се во сериозна, но ставбилна состојба“, рече Таравари.

Завршени се и токсиколошките анализи, а резултатите покажале дека сите кои се пуштаат дома имаат резултати под референтните вредности

На почеток