Македонија

Собир во 11 во Охрид и во 16:59 во Скопје; Кочани маршира од 15 часот

Во Скопје и Охрид денеска ќе се одржат мирни собири преку кои ќе се оддаде почит на жртвите од дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во Кочани ќе има протестен марш за 59 млади луѓе и возачот на Брза помош кои ги загубија животите.

Мирниот собир во Скопје е организиран од Студентскиот пленум и ќе се одржи во градскиот парк од 16:30 часот. Собирот е закажан во Градски парк, после споменикот на Гоце Делчев, а во 16:59 часот. Ќе се одржи 60-минутен молк.

„Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани“, се вели во најавата на собирот објавен преку „Студентски пленум“.

Собирот во Охрид е организиран од младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет. Собирот ќе биде во 11 часот, на плоштадот во центарот на градот.

Во Кочани пак најавите се дека секој ден од 15 часот ќе се одржуваат протестни маршови на кои ќе се бара одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“ каде што животот го загубија 59 млади луѓе.

На почеток