(Видео) Угостителите со неправилности ќе добијат мораториум за работа – има огромен број на неправилности


Мораториум за работа ќе добијат угостителските објекти кои имаат неправилности и тој ќе важи се додека не ги отстранат. Ова го посочи премиерот Христијан Мицкоски. Тој кажа дека од досегашните контроли регистрирани се неправилности во работата кај голем број објекти и затоа Владата подготвува акционен план.
„Ќе продолжат контролите и во наредниот период. Јас можам да кажам дека воочени се огромни неправилности. Кога зборувам за огромни неправилности зборувам за 70-80 отсто од објектите, не зборувам за исклучоци туку за пракса која функционирала, но повеќе нема да функционира. Разработуваме акционен план, за одреден период да се прогласи мораториум и да се остранат сите тие неправилност за оние кои сакаат да продолжат да функционираат со дејноста што ја вршат“, рече Мицкоски.
Владината активност следи по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од кои 25 деца.
