Македонија

Речиси пет години затвор за Бугаринот кој измами кумановка за 30 илјади евра со наводна сообраќајка

Бугарскиот државјанин Предраг Миленков (60) од Софија, кој ja измами Г. В. (66) од Куманово за 30.000 евра, доби казна од четири години и 10 месеци. Судијата смета дека тој сторил тежок вид на измама, со јавувањето кај семејството Величковски на кои им побарал 50.000 евра, со тврдење дека член на семејството умртил мигрант. Тие немале толку средства, па исплатиле сума од околу 30.000 евра.

„Превидената максимална казна е пет години затвор, судот му изрекува на обвинетиот четири години и 10 месеци. На оштетените, семејството Величковски, му се досудува износ од околу 30.000 евра“, рече судијата.

Бугарскиот државјанин измамата ја направи на 31 јануари. Тој не призна вина, туку рече дека и тој бил измамен од друго лице. Но, истрагата утврдила дека тој ги земал парите, а бил снимен и од надзорните камери на местото каде било примопредавањето.

На почеток