Македонија

(Видео) Младиот Јован кој спасуваше животи, дочекан со овации во гимназијата во Виница

Во Гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница денеска оддекнаа овации за Јован Костадинов, 19-годишното момче кои со мокра крпа на лицето спасуваше луѓе од дискотеката „Пулс“ во Кочани. Негови соученици, наставници и пријатели го дочекаа со топл0 добредојде, по враќањето од болничко лекување по кобната вечер во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Неговиот подвиг не остана незабележан. Овие денови, неговото име се споменува со длабока почит на социјалните мрежи, а неговата несебичност е инспирација за многумина.

Тој беше во болница, по што по третирањето на неговата состојба, беше испишан.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека Јован немал изгореници.

„Јован имаше интоксикација, вчера е пуштен на домашно лекување“, рече Таравари.

Д-р Чибишев од Клиниката за токсикологија рече дека Јован е пуштен на домашно лекување во добра состојба.

„Тој беше примен на Клиниката поради внесување на зголемени концентрации на јаглероден моноксид. Беше третиран седум дена, вчера беше испишан, пуштен на домашно лекување. Во наредните седум дена, треба да се направи уште една контрола“, рече д-р Чибишев од Клиниката за токсикологија.

На почеток