Четири повредени од дискотеката во Кочани остануваат во многу тешка состојба, четири се враќаат од лекување во странство


Пет повредени од дискотеката „Пулс“ се враќаат од лекувањата во странство во текот на денот, а за утре е најавено враќање на уште четири пациенти. Тие прво ќе бидат хоспитализирани 24 часа во домашните клиники, па ако треба ќе се пуштат дома или ќе останат на лекување. Повеќето од овие лица, биле пратени во странство на лекување поради изгореници. Четворица пациенти продолжуваат да бидат во критична состојба, но се стабилни. Сепак, Таравари вели дека: „Флуктуираат состојбите, но остануваат во многу тешка состојба“.
„Вкупно во државата се лекуваат само 23 пациенти. Над 20 пациенти се на домашно лекување. Имаме и еден испис денеска. Сите пациенти се во добра состојба и се надеваме следните денови ќе ги пуштиме. Во странство, имаме 113 пациенти. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Од 115 пациенти остануваме со 113 пациенти надвор од државата. Уште една добра вест е што денеска се враќаат пет пациенти, четири од Шпанија и еден од Грција. Ќе останат 108 пациенти кои се лекуваат надвор“, рече Таравари.
Меѓу лицата кои се лекуваат во домашните клиники, има и повредени кои се оперирани.
„Очекуваме во наредните денови половина од нив да бидат пуштени на домашно лекување“, додаде Таравари посочувајќи: „Стабилна е состојбата во болниците, за разлика од првите денови кога имаше поголем наплив од 200 пациенти.
Првите 24 часа, по враќањето, сите пациенти ќе бидат сместени во клиниките каде треба да бидат под надзор. Ако има конзилијум да се пуштат дома, тоа ќе биде направено. Ако не, ќе бидат
„За утре ни се најавени уште четири пациенти кои се враќаат, ама тоа ќе брифираме утре“, додаде Таравари.
