„Кој е следен“ за обвинувањата од Кулакови: Несреќата на Фросина нѐ собра, ама причината е нефункционалниот систем


Борјан Ефтимов, дел од иницијативата „Кој е следен“, го искоментира статусот на Росица Кулавкова, сестра на загинатата Фросина Кулавкова. Откако Росица, објави дека борбата на иницијативата не е за за вистината и правдата, ги праша: „Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?“. Ефтимов рече дека г
„Го имаме видено (статусот), сметаме дека секој граѓанин, колку и да не се согласуваме, има право да го искаже мислењето. Секогаш ќе стоиме на браникот на слободата на говорот. Го прифаќаме тоа дека тие имаат право на свое мислење, ние имаме право на различно мислење. Во однос на обвинувањата дека сакаме да злоупотребиме нечија смрт – точно е дека како иницијатива настанавме по трагичната несреќа на Партизанска, каде загина Фросина Кулакова. Тоа беше поводот што нѐ собра како граѓани, ама причината е нефункционалниот систем кој не гуши и убива. Ќе се бориме за секој еден граѓанин, за самите нас, за идните граѓани, вклучувајќи ги и граѓаните кои не се согласуваат со нас“, рече Ефтимов.
Росица Кулакова, сестра на загинатата Фросина Кулакова, смета дека организаторите на „Кој е следен“, ја злоупотребиле нивната доверба, која ја дале како семејство. Посочува дека на собирите имало чесен народ, а дека зборовите ги насочува само кон организаторите.
