Коментари

ССМ првоаприлски се мајтапи со пратеникот Петрушевски

Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, првоаприлски се пошегува на сметка на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мислам дека сме најдобри другари, или не сме?“, напиша претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Објавата е споделена и на профилот на Сојуз на синдикатите на Македонија.

Screenshot

„Не се другари, Слободан се бори за зголемување на плати, Бране се бори против Слободан, ССМ и работниците“, напишаа Сојуз на синдикатите на Македонија.

Петрушевски изминатите денови упати низа обвинувања кон ССМ. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски го обвини Стојанче Кашиковски од ССМ дека земал плата од над 50 илјади денари и како што вели синдикалците Трендафилов и ССМ, не знаат кој од кој има поголеми примања.

На почеток