Македонија

За само 6 месеци ги покачивме пензиите линеарно на над 330.000 пензионери за 5000 денари, велат од Владата

„За само 6 месеци, Владата ги покачи пензиите на над 330.000 пензионери за 5000 денари“, велат од Владата и додаваат:

На сметките на пензионерите легна покачувањето на пензиите од 2500 денари. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување на пензиите достигнува 5.000 денари, откако првото зголемување беше со септемвриската пензија и сега со мартовската пензија.

Ова е втор раст на пензиите за само 6 месеци.

Имено, дека Владата се грижи за пензионерите покажува тоа што уште првата недела од мандатот донесе одлука за линеарно покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари, со септемвриската и мартовската пензија.

Ветивме и исполнивме. Владата ги покачи пензиите за 5000 денари, линеарно за секој пензионер.

Владата покажа дека се грижи и работи одговорно и посветено.

Пензионерите заслужуваат достоинствен живот и вистинска грижа за нивните потреби.

Со ова како Влада го исполнивме едно од ветувањата за најстарата категорија на граѓани и обезбедивме поквалитетен живот за нив.

Продолжуваме посветено да работиме за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

На почеток