Свет

Вооружен маж уапсен кај Бакингемската палата во Лондон

На влезот од Бакингемската палата наменет за посетители, денеска бил уапсен маж кој носел оружје, соопшти лондонската полиција.

Човекот на возраст од 38 години, чиј идентитет не е откриен, бил уапсен под сомнение дека носел пиштол за електрошокови, објави агенцијата АП.

Уапсениот се наоѓа на распит во полициска станица во Лондон, а засега не е обвинет.

Осомничениот го уапсило обезбедувањето на палатата, по што и бил предаден на полицијатa.

На почеток