Свет

Слабата точка на стратегијата на НАТО во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп дал дозвола за изградба на американска воена база во Полска.

Полска дала големо значење на тој настан. Полскиот претседател Андреј Дуда дури и предложил именување на новата воена база во чест на Доналд Трамп. Меѓутоа, изградбата на воената база “Тврдина Трамп” ќе биде од големо значење, не само за Полска, туку за целиот свет.

Полска е транзитна територија на војските на многу народи веќе со векови. Денес Полска повторно е на расед. Варшава е окружена со моќната и “агресивна” Руска Федерација, секогаш незадоволните Балтички држави, нестабилната и забрзано деградираната Украина, и Европа погодена од бегалци. Со американска воена база на својата територија, Полска ќе се чувствува помирно.

Русија веќе со години го унапредува својот воен потенција кај Калининградскиот регион. Тој регион, кој е всушност енклава, е многу важен за Русија, а тоа НАТО не може да го сфати. Изгледа дека американската администрација одлучила да изгради воена база во Полска за да ја задржи Русија и да го зголеми своето воено присуство во Европа.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток