Палевски го испрашуваше Кешишев кој му рече дека се плаши од него: Дали во ранецот, Палевски го носел пиштолот?


Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, го започна распрашувањето на обвинетиот Влатко Кешишев. На претходното рочиште, Кешишев побара Палчо да биде изваден од судницата, оти тој би бил причина за да сведочи невистини. Палевски во имениот на Кешишев бил запишан како „царот“, а во неколку наврати има сведочено дека го слушал сѐ што ќе му кажел. И на ова рочиште, Кешишев рече: „Уште имам страхопочит кон тебе“.
Палевски најмногу време посвети да поставува прашања за ранецот кој претходно го споменуваше Кешишов. Меѓу првите прашања до обвинетиот му беше: Зошто кога ќе се спомене ранецот, Кешишов зборува за пиштол со кој се извршени двете убиства.
„Претпоставувам дека пиштолот е во ранецот. Ако беше во тебе, на телото, ќе се препознаеше, ќе се видеше преку маицата. Затоа и претпоставувам дека пиштолот бил со моторолите во ранецот“, рече Кешишев.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Кажавте дека ме познавате 2 години, па ве прашувам во тој период слушнавте закани, навреде и уцени од мене кон вас?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, никогаш.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Во истиот тој период сте слушнале на посетители, членови да им се зкаанувам, навредувам или оценувам?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не секогаш на другите им даваше совети, немам слушнато во периодот додека бев таму.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Во истиот период, било кога сте слушнале закана кон Велибор Манев?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не никогаш.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Дали ви се пожалил Велибор дека е уценет од мене?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Забележавте дека Велибор Манев не по своја волја презима и извршува дејствија?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Какви дејствија?
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Дејствија кои ги споменавте во вашиот исказ. Поконретно: Дали за време на настаните забележавте дека Велибор Манев не по своја волја извршува дејствија?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Кажавте дека сте биле домаќин во штабот, Може ли било кој да изнесува било што од штабот без јас да дадам дозвола?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, прво требаше да се праша Палчо пред да се изнесе и изнесе. Зад негов грб ништо не се работело, без да знае он.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Штабот кој го споменавте имаше 80 м2 на двата ката, каде сте забележале ранец во штабот?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не сум видел, не се сеќавам.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Во штабот освен мојот пиштол кој ми беше одземен во ваше присуство 6 месеци пред настаните, сте виделе друго оружје?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не знам, не сум видел. Не знам каде стоел ранецот, но главно Палчо го носеше.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: На монтираните видеа на ОЈО, на незаконски начин презентирани во судот, на инсертите каде носите ранец и гориво, се гледа Љупчо Палевски или Влатко Кешишев и Велибор Манев?
Обвинетиот Влатко Кешишев: На тоа што видов, се гледам јас и Велибор, кога ми кажа да го извадам ранецот од ‘кангуто’ и да го внесам во гаражата.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Кога последен пат сте го виделе или носеле плавиот ранец?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Мислам дека само тогаш беше.
Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: На месноста Дупки го носевте ли ранецот?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не јас цело време бев во ‘кангуто’, не сум видел ниту носел ранец.
