Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Вие бевте министерката која нѐ направи загубари, ѝ рече Љутков на Стојчевска откако го праша за платите во културата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
stojcevska-ljutkov

Ексминистерката Бисера Костадиновска-Стојчевска го праша сегашниот министер за култура и туризам, Зоран Љутков, дали и сега мисли дека колективниот договор е незанкоски, но и дали поради негово отсуство од Македонија платите за вработените во културата не се исплатени на време. Тој рече дека бил во Македнија и дека не бегал.

„Можеби вас ќе ви биде прв и последен пат што поставувате прашање, ама јас постојано ќе ве потсетувам за поморот кој го оставивте во културата. Никогаш не сум рекол, иако сум бил и член на СКРМ, дека овој колективен договор е незаконски. Секогаш сум кажувал дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Го потпишал министер кој поима немал што потпишува и не знаел дека ќе нѐ донесе до момент да земаме 90 отсто плати, 10 отсто програмски активности. А кога нема поддршка од Министерството за финансии, средствата треба сами да си ги обезбедиме“, рече Љутков.

— реклама —

Тој рече дека претходно се крателе пари од програми, за да има за плати.

— реклама —

„За првпат не скративме од програмските активности, а институциите продолжија да работат, првпат по потпишување на колективниот договор. И во 2025 година го предвидовме истото, по оваа пресметка, нема да се крати од програмите и ќе има плус од 40 отсто во некои институции. Кога некој ги решава проблемите, тоа не ви се допаѓа, оти по седум години првпат почнавме со реформи. Вие бевте министерката која нѐ направи загубари. Фелата не коментираше за ништо друго, вие од партиска говорница коментиравте. За поединците и неработниците нема да зборувам. Кога почнуваме да работиме за вас има проблем“, додаде Љутков и најави нов колективен договор.

— реклама —

Реплицираше Костадиновска-Стојчевска.

„Нема да одговарам на вашите навреди, ги слушнавте реакциите. И рековте на Сања дека 'дрндупка културата'. На ребаланс парите кои ги добивте за инспекторатот за македонски јазик не ги употребивте, џабе имате директорка. Лани ја имавте најголемата програма и ја завршивте годината, и со мојот буџет ја завршивте годината. Мило ми е што од вас слушнав, тој што го потпишал не знаел што потпишува, на штета е на културата и е недоречен. Зборувате за долгови, а кажете ми ги имавте на завршна сметка? Не. Од програма никогаш не се кратело во култура. Можете да споредите. Вие на сам почеток рековте дека културата треба да институционална, дека независната сцена треба да биде тргната настрана. Ако за вас најголема реформа е продажбата на културното наследство, жалам!“, рече таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Културните работници за Уставен: „Што се смени – составот или нарачката?“

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarytvdr36d5lmak03OhcLy

Софија Куновска со жестоки обвинувања за Љутков: „Најсрамен министер за култура“

Коментари | пред 1 седмица

media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Клучен ден за културата: По 30 години чекање, договорот за култура повторно под знак прашалник и на маса во Уставен суд

Македонија | пред 1 седмица

media-library5rgqmhrphgkcdbTYDaA

Европскиот трилер „Малдорор“ пристигнува со финални проекции во Скопје

Магазин | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања