Актерката Софија Куновска упати остри критики кон министерот за култура и туризам Зоран Љутков, оценувајќи го како „најсрамен министер за култура на сите времиња“.
Во својата реакција, Куновска го обвинува Љутков за неспособност, некомпетентност и неодговорност, додавајќи дека, како што наведува, „подолго време ги множи со нула своите колеги“.
„Дали некои институции ќе ја заменат својата улога на столб на правдата со улоги слични на неговата, ќе видиме“, посочува таа, алудирајќи на поширок институционален контекст.
Куновска упати и апел до Уставен суд на Република Македонија да го зачува својот интегритет и да остане „громобран од политичките напастници“, повикувајќи на осуда на, како што наведува, самоволието на поединци.
Во пораката таа ја цитира изјавата на Зоран Јанковиќ: „Културата не е трошок, културата е инвестиција“, потенцирајќи ја важноста на културниот сектор.
Клучен ден за културата: По 30 години чекање, договорот за култура повторно под знак прашалник и на маса во Уставен суд
Синдикат на културата на Република Македонија информира дека денес Уставен суд на Република Северна Македонија ќе одлучува за судбината на Колективниот договор за култура, по иницијативата за оценување на неговата уставност поднесена од адвокат Томислав Стефков.Од Синдикатот посочуваат дека станува збор за клучен момент за културните работници, кои, како што велат, со децении чекале да ги добијат основните работнички права. Колективниот договор, нагласуваат, бил очекуван 30 години, преговаран 15
Македонија | пред 2 месеци