Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

(Видео) Љутков, колегите ќе те паметат дека ја уби културата, а аплаузот не плаќа сметки, порачаа културните работници од протест пред МОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Настани
media-libraryufp8qi6v4r680238RLF
Скопје1.мк / принтскрин

Синдикатот на културата повторно излезе на протест, овојпат пред Македонската опера и балет, каде културните работници испратија пораки за, како што велат, потценетиот труд и лошиот однос кон вработените во културата. Причината е тенденцијата да се укине Колективниот договор за култура, кој стана точка за судир меѓу државата и вработените во екторот.

Додека пред објектот пристигнуваа гости кои чекаа да влезат на настанот, спроти нив стоеја уметници и културни работници со транспаренти во рацете, а меѓу двете страни беше распоредена полиција која го обезбедуваше протестот.

— реклама —

На транспарентите беа испишани пораки:

— реклама —

„Секоја улога носи години труд на грб“,
„Уметниците треба да живеат од својата работа“,
„Почитта кон трудот на уметникот се покажува со дела“,
„Трудот во културата не е трошок“,
„Аплаузот не плаќа сметки и уметникот е работник“,
„Ова што ќе го гледате и слушате вечерва е труд, не е привилегија“,
„За вашето уживање во гледалиштето стојат работнички права зад завесата“.

— реклама —

Дел од пораките беа директно насочени и кон министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

„Љутков, твоите колеги ќе помнат дека ја уби културата“, пишуваше на еден од транспарентите, на кој имаше и илустрација од „мртов“ колективен договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Културните работници за Уставен: „Што се смени – составот или нарачката?“

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarytvdr36d5lmak03OhcLy

Софија Куновска со жестоки обвинувања за Љутков: „Најсрамен министер за култура“

Коментари | пред 1 месец

media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Клучен ден за културата: По 30 години чекање, договорот за култура повторно под знак прашалник и на маса во Уставен суд

Македонија | пред 1 месец

media-library5rgqmhrphgkcdbTYDaA

Европскиот трилер „Малдорор“ пристигнува со финални проекции во Скопје

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања