Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Клучен ден за културата: По 30 години чекање, договорот за култура повторно под знак прашалник и на маса во Уставен суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Синдикат на културата на Република Македонија информира дека денес Уставен суд на Република Северна Македонија ќе одлучува за судбината на Колективниот договор за култура, по иницијативата за оценување на неговата уставност поднесена од адвокат Томислав Стефков.

Од Синдикатот посочуваат дека станува збор за клучен момент за културните работници, кои, како што велат, со децении чекале да ги добијат основните работнички права. Колективниот договор, нагласуваат, бил очекуван 30 години, преговаран 15 години, а неговата финансиска реализација започнала дури девет месеци по потпишувањето.

— реклама —

Според СКРМ, токму во момент кога овие права конечно се обезбедени, се прават обиди тие да бидат поништени, што, како што оценуваат, претставува удар врз културниот сектор.

— реклама —

Синдикатот најавува дека без разлика на исходот од одлуката, борбата за правата на културните работници ќе продолжи, нагласувајќи дека „срамот нема да биде избришан“.

— реклама —

Во меѓувреме, СКРМ поднел жалба до Меѓународната организација на трудот, барајќи мониторинг на сите судски постапки поврзани со Колективниот договор, вклучително и денешната одлука на Уставниот суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufp8qi6v4r680238RLF

(Видео) Љутков, колегите ќе те паметат дека ја уби културата, а аплаузот не плаќа сметки, порачаа културните работници од протест пред МОБ

Настани | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymq0llkanfvsk9oDax6f

Културните работници за Уставен: „Што се смени – составот или нарачката?“

Македонија | пред 1 месец

media-librarytvdr36d5lmak03OhcLy

Софија Куновска со жестоки обвинувања за Љутков: „Најсрамен министер за култура“

Коментари | пред 1 месец

media-library5rgqmhrphgkcdbTYDaA

Европскиот трилер „Малдорор“ пристигнува со финални проекции во Скопје

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања