Свет

Трамп: Украина доцни со потпишувањето на договорот за минерали, се надевам дека ќе биде потпишан сега

Доналд Трамп напиша на својата мрежа Truth Social дека Украина доцни со потпишувањето на договорот за минерали.

„Украина, предводена од Володимир Зеленски, сè уште не ги потпишала конечните документи за многу важниот договор за ретки земни елементи со Соединетите Американски Држави. Доцнењето е најмалку три недели. Се надеваме дека договорот ќе биде потпишан сега. Работата на општиот мировен договор меѓу Русија и Украина напредува непречено. Успехот излегува на повидок!“, напиша тој.

На почеток