Македонија

Дуковски ја спори алкохолизираноста на Васил Јованов, а со медаљи и потврди бара поблага казна, па предложи снимка

Адвокатот Сашко Дуковски, до судот достави снимка, доказ дека тој е редовен студент, а со што, побара пониска казна за возачот Васил Јованов кој смртоносно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, со алкохол во крвта.

„Доставувам потврда од боксерски клуб, со што сакам да се тргне една дамка од името на Васил Јованов дека тој е наркоман и зависник. Не, тој е спортист и ви доставувам потврда дека тој е член на овој боксерски клуб, како и две медаљи – каде што е вицешампион. Да тој го сторил тоа што го стирил и призна вина. Но има факти кои укажуваат на неговата личност. Доставувам благодарница од Националната боксерска федерација од бокс. Исто така уште една диплома за лицето Васил Јованов за другата медаља која ја освојува на натпреварот во Штип, каде го освојува второто место. Ви доставувам потврда од Ракометната федерација на Македонија каде што лицето, сега обвинетиот Васил Јованов е регистриран и лиценциран за ракометниот клуб Пролет. Суде, јас сите овие докази и уште една работа – јас оваа анализа на алкохол во крвта ја земав од Обвинителството. Го спориме присуството на алкохол во крвта“, рече Дуковски.

Тој пред судот презентираше и видео снимка од вечерта кога е усмртена Фросина.

„Овој ценет судски совет би утврдил дека кај обвинетиот има чувство на вина, екстремно каење и ве молам единствено тоа како судечки совет мора да го забележите и да видите за што ви зборувам“, рече Дуковски.

(Видео) Васил Јованов призна вина за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачки премин

Мајката на Фросина Кулакова со потресен говор: Барам најстрога казна, свирепо го изгуби животот, ниту еден орган не и беше поштеден

Таткото на Фросина го праша Васил: Зошто наместо да возиш право, сврте кон нашето чедо?

На почеток