Македонија

Костадинов: Расте економијата, се зголемуваат инвестициите, растат платите, се намалува невработеноста

Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија се пет клучни економски параметри, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ и коалицијата.  Костадинов, ги наброја  клучни економски параметри:

  1. Под еден е растот на бруто домашниот производ од 3.7 проценти во последниот квартал

од 2018 година.

  1. Освен растот на еконономијата, во 2018 обезбеден е рекорден износ на странски

инвестиции  од 624,5 милиони евра.

  1. Трет важен економски параметар кој оди во добра насока: индустриското производство

во 2018 е највисок во последните седум години (5.4%).

  1. Најголем раст на просечната плата од 8.1% во декември 2018 година (25.784 денари).
  2. Платите растат а невработеноста се намалува, на историски најниски под 20%. За неполни две години бројот на вработените е зголемен, отворени се над 26 илјади работни места.

Континуираниот раст на економијата, зголемувањето на инвестициите, индустриското производство, растот на платите и намалувањето на невработеноста покажуваат дека стратешки добро се поставени политиките, се движиме во вистинска насока.

Полноправното членство во НАТО дополнително ги поттикнува инвестициите и економскиот раст, а тоа влијае и на намалување на невработеноста во земјава.

Накусо, напредокот во евро-атланските интеграции носи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инвестиции, нови и добро платени работи места, подобар животен стандард. Растот на економијата носи бројни придобивки за граѓаните, отвора шанса за сите и затоа е важно напредокот да продолжи, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ и коалицијата.

На почеток