Македонија

Добро е што градоначалничката по четири години се разбудила од зимски сон, вели Тошковски за Арсовска

Откако градоначалничката Данела Арсовска објави дека поднеле кривични пријави против УСЈЕ и други големи загадувачи, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека е добро што се разбудила од зимски сон.

„Може доставила, може не, добро е што градоначалничката по четири години се разбудила од зимски сон“, рече Панче Тошковски, одговарајќи на прашање дали ги примиле кривичните пријави.

Арсовска претходно објави дека спречила незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази. Според неа, институциите не постапувале.

На почеток