🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Судството пред пратениците: што работел Советот минатата година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
sobranie

Пратениците денеска ќе расправаат за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година.

— реклама —

Во извештајот кој е веќе објавен на собраниската веб-страна пишува дека во 2024 година, Советот извршил избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврди нестручно и несовесно вршење на судиската функција со изрекување на дисциплински мерки.

Во Ивештајот се посочува дека една од основните заложби на Советот е финансиското одвојување на судската власт од другите власти, односно залагање за зголемување на процентот на Судскиот буџет во однос на Бруто домашниот производ од сегашните 0,3 проценти на годишно ниво на законските определени 0,8 проценти од Буџетот за судска власт.

— реклама —

Приоритет за Судскиот совет во текот на 2025 година, како што се нагласува во Извештајот, ќе биде натамошната реализација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската мисија кои се дадени со цел за подобрување на постапката за избор, унапредувањето и одговорноста на судиите/претседателите на судовите и членовите на Советот, како и подобрувањето на транспарентноста, комуникацијата и управувањето со ресурси во Советот. Во таа насока, Советот посочува дека ќе продолжи со максимални заложби за доследна примена и постапување согласно законските одредби, следење на состојбите во судството и давање на нови предлози за подобрување на состојбите, следење на работата на судиите и претседателите на судовите, како и на самите судови, преземање дејствија во рамки на своите надлежности при детектирање на коруптивни дејствија во судството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryddfgftvu1lk82NcDDvE

Полицаец предложен за Судски совет, а меѓу кандидатите и поранешниот правобранител од случајот со конфискацијата на Кочан

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-10-at-15.24.35

Разрешен судијата од Апелација кој е на американската црна листа поради корупција

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-10-at-15.24.35

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети од Апелација

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygsanprhdks156BLPG6e

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања