Скопје

Се јави советникот во МВР чиј син избоде полицаец

По тепачката во дискотека во Марино крај Скопје се јави советникот во МВР, Ѕвонко Цветковски, чиј еден од неговите двајца синови го прободе со нож полицискиoт службеник Филип Филиповски.

Поранешниот градоначалник на општина Петровец, кој се обиде да добие уште еден мандат со поддршка од СДСМ но неуспешно, за 24 Вести изјави дека и неговите синови биле повредени во тепачката. Цветковски, иако имало голем број на очевидци, негира дека тие го сториле делото, односно дека сведоците не дале точни информации и дека тој нема намера да влијае на истрагата.

„Тие учествувале, но не го направиле делото што е направено. Биле нападнати, моето дете и денеска беше во болница“ изјави Цветковски.

Претходно на социјалните мрежи се огласи и таткото на прободениот полицаец Филиповски, кој е сместен на КАРИЛ откако беше донесен во кричична состојба во петокот.

– Мојот син Филип беше прободен со нож во дискотека во Марино, се бори за живот со тешки оштетувања. Извршителите се две деца од Петровец. Едниот син на поранешниот градоначалник на Петровец, Ѕвонко Цветковски, сегашен висок функционер во МВР. Поводот за овој мој напис е обид да се стави крај на ваквите случувања и според првите информации обид да се изменат изјавите на децата сведоци кои беа дадени во мое присуство во Државна болница и каде што директно беа посоченио сторителите. Важно е сторителите да ја добијат заслужената казна, затоа што каков човек треба да бидеш за да имаш таков нож со себе при излегување во дискотека – напиша таткото Гоце Филиповски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток