Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Предлогот на ЛДП за една изборна единица не доби поддршка во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

Собранието на Република Северна Македонија не го усвои предлогот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за измени на Изборниот законик, со којшто се предвидуваше воведување на една изборна единица и отворени листи. Предлогот, поднесен од пратеничката Моника Зајкова, доби поддршка од само 19 пратеници.

— реклама —

Во своето излагање, Зајкова посочи дека актуелниот модел со шест изборни единици резултира со нерамноправност на гласот на граѓаните и претставува повреда на уставниот принцип за еднаквост. Таа смета дека воведувањето на една изборна единица и отворени листи би придонело за зголемување на демократскиот капацитет на изборниот процес и овозможување на поголемо влијание на граѓаните врз изборот на пратеници.

— реклама —

И покрај претходните јавни изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека партијата поддржува една изборна единица, пратениците на оваа опозициска партија не гласаа за предлогот.

— реклама —

ДУИ, пак, изрази условна поддршка, сугерирајќи воведување на изборен праг од 3 % од вкупно регистрираните или 5 % од излезените гласачи како предуслов за примената на вакви измени.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

LDP-gragjanska-tribina-Centar-3

ЛДП со аларм до јавноста: Игнорирањето на нашите решенија ја доуништува државата како заложник на партиски влијанија

Македонија | пред 3 дена

media-libraryo68pkno12q0k5P24wU3

Зајкова: Мнозинството избра да биде соучесник во насилството врз жените

Македонија | пред 2 седмици

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryav58odvvkkufdRlq2DL

Зајкова: Кога имате пријави за проблематично лице, кога жртвите ви го даваат ‘на тацна’ со име и презиме, дали е логично да не се преземе ништо?

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања