Промени тема
Контакт

Зајкова: Кога имате пријави за проблематично лице, кога жртвите ви го даваат ‘на тацна’ со име и презиме, дали е логично да не се преземе ништо?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryav58odvvkkufdRlq2DL

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денес читаме наслов: 35-годишната жена чие убиство со поврзува со потенцијалниот сериски убиец, била следена од него и тоа било пријавено во полиција. Ова е наслов кој не смее да биде само уште една вест што ќе ја заборавиме утре. До кога ќе се молчи? Колку жртви треба да изброиме за некој да преземе одговорност?“, прашува во својата изјава за медиумите претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова.

По немилите настани кои се случија во Кумановскиот регион, Зајкова потсетува дека иницијативата на ЛДП за електронска нараквица за следење на сторителите на насилство беше отфрлена во Собранието без сериозна аргументација. Денес, кога имаме две пријави против ист човек, една за давење, една за следење – и двете со име и презиме, се поставува прашањето зошто не било постапено од страна на надлежните институции?

— реклама —

Зборуваме за општина со околу 3500 жители, не зборуваме за илјадници пријави дневно. Зборуваме за две жени кои побарале помош. Едната имала среќа и преживеала. Другата не. Првата јавно изјавува дека ништо не било преземено. Таткото на втората вели дека полицијата отишла кај осомничениот, но бидејќи не бил дома – тука завршило сè. Дали тоа е постапување? Дали тоа е заштита? До кога МВР ќе ги полни билтените со жени жртви на насилство, фемицид, убиства?! Дополнително, докторка констатирала насилна смрт кај двете жртви. Но, за едната не била побарана обдукција. Нејзините родители дури и не знаеле дека станува збор за насилна смрт. Како е можно, по констатација за насилна смрт, да не се побара обдукција? Каде повторно затаија институциите на системот. До кога молк од надлежните?“, прашува Зајкова.

— реклама —

Претседателката упатува прашања и до надлежните за тоа дали има внатрешна истрага во полициската станица и кој одлучил да не се преземат мерки? Кој проценил дека нема ризик и кој ќе ја сноси одговорноста ако се утврдат пропусти?

— реклама —

Кога имате пријави за проблематично лице, кога жртвите ви го даваат ‘на тацна’ со име и презиме, кога се појавуваат сомнителни околности, а медицинско лице посочува насилна смрт – дали е логично да не се преземе ништо? Колку жени ќе беа спасени ако се реагираше навреме? Не бараме сензација. Бараме одговорност. Не бараме политички поени. Бараме институционално постапување. И најмалку што јавноста заслужува е – одговор. Престанете да молчите“, порачува претседателката Зајкова во изјавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

LDPlogo-620x360

ЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?

Македонија | пред 1 седмица

LDPlogo-620x360

ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа

Македонија | пред 2 седмици

LDPlogo-620x360

„Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца“, велат од ЛДП

Македонија | пред 2 седмици

media-library2n3cmkcgrktsfEt9R0h

ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања