Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Комисија за економија на ЛДП: Потребна е брза реакција од Владата за намалување на ценовниот шок од поскапувањата на горивата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

ЛДП од надлежните бара итна и ефикасна реакција по последната одлука на Регулаторна комисија за енергетика, за поскапување на нафтата и нафтените деривати, со цел олеснување на товарот на џебовите на граѓаните, велат од ЛДП.

— реклама —

„Воопшто не е изненадувачка одлуката на РКЕ, со оглед на случувањата на Блискиот исток и воената интервенција во Иран, која ги зафати и соседните земји. Изненадува фактот што владата делува целосно неспремно и неподготвено, иако пред само десеттина дена нѐ убедуваа дека „нема опасност“ по државата.

— реклама —

Додека барелот сирова нафта на светските берзи веќе надминува 100 долари, апелираме до Владата, Министерството за енергетика и останатите надлежни државни институции да излезат во пресрет и да им помогнат на граѓаните.

— реклама —

Доколку навистина се грижат како што велат и активно ја следат состојбата, очекуваме во наредните денови конкретни мерки и чекори за олеснување на ценовниот шок на јавноста, особено во време на висока инфлација и секојдневно зголемување на цените.

— реклама —

Од Владата за почеток бараме итно привремено намалување на акцизата за увоз на горива уште во наредните денови и воведување на други мерки и субвенции, за вистински навремено да се реагира и да се намали дополнителниот ценовен шок на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 ден

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 3 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања