Ова е акт на страв: Невладините реагираат на итната постапка за независните кандидати кои ќе треба да соберат од 100 до 3.500 потписи


Пратениците ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ и ВЛЕН изгласаа предлог измени на Изборниот законик со кој, како што реагираат независните кандидати, ќе им го отежнат учеството во изборната трка.
Предвидено е усвојувањето да оди по итна постапка.
Независните кандидати сега ќе треба да соберат најмалку 100 и најмногу 3.500 потписи како поддршка во зависност од бројот на гласачите во општината.
За граѓанските организации ова е оружје против независните.
„Пратеничките состави се менуваат, но тенденцијата да ги подметнуваат истите валкани сопки останува. Не затоа што независните не се доволно добри, туку затоа што се доволно опасни по нивниот монопол. Ова не е изборен закон. Ова е акт на страв.Страв од гласот што не го контролираат, ама нема да им помине”, незадоволни се од „Независни за Карпош“.
